На социјалните мрежи кружат фотографии од коњи кои пасат трева сред булеварот „Партизански Одреди“ во населбата Ѓорче Петров, во непосредна близина на пазарчето. Таа околина се смета за многу прометна така што коњите за себе но и за околината претставуваат опасност.
Шегите на сметка на овие фотографии не престануваат да се шират. Луѓето коментираат дека коњите се можеби замена за машините со кои се коси тревата.
Ова не е прва ситуација коњи сами и слободно да шетаат во овој дел на Скопје. И претходно, во населбата Даме Груев имаше слична глетка.