четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски до Смилевски: Немате реализирано ниту еден од ветените 15 клучни проекти

Костовски до Смилевски: Немате реализирано ниту еден од ветените 15 клучни проекти

На политичкото соочување помеѓу двајцата кандидати за градоначалници на Бутел кое утрово се одржа во Студио 10 на Телевизија 24, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ го обвини актуелниот градоначалник Велимир Смилески дека нема реализирано ниту еден од ветените 15 проекти во овие 4 години од неговиот мандат.

Tој му честита на Смилевски затоа што се согласил на ова денешно соочување и го толкуваше како голема храброст, или грешка на неговиот ПР.

„Искрено му честитам на Смилевски што се согласи на ова денешно соочување, тоа може да се толку на два начини, или тој е премногу храбар, или пак е грешка на неговиот ПР. Човекот сѐ што вети од капитални проекти нема ништо започнато, а камо ли да реализира. И сега слушам како вели дека се зголемил буџетот или се работело на ДУП-ови, мислам тоа е смешно. Вие ветивте 15 капитални проекти, со рокови ги ветувавте„-порача Костовски.