четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски го симна Смилевски од  градоначалничкото место, голема победа на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел

Костовски го симна Смилевски од  градоначалничкото место, голема победа на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на општина Бутел.

Тој вчера, во првиот круг на локалните избори, убедливо го победи Велимир Смилевски од СДСМ и го симна од градоначалничкото место.

Костовски, според официјалните податоци од ДИК освоил 52,79% од гласовите на своите сограѓани. Во бројки, тоа се 9.001 глас.

Смилевски од СДСМ освоил 6.821 глас што во проценти изнесува 40,01%.