петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски: Се решава повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето во Љубанци и Љуботен

Костовски: Се решава повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето во Љубанци и Љуботен

Општина Бутел го решава повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето во Љубанци и Љуботен, истакнува градоначалникот Дарко Костовски.

-Ден за историја. Она што за многумина беше само утопија, за мене и мојот тим беше мотив да го решиме еден од најголемите децениски проблеми во нашата општина, а тоа е стабилно водоснабдување за Љубанци и Љуботен. Носечкиот проект пред изборите ќе биде реалност. Наскоро започнуваме со изработка на целосната проектна документација за овој проект. По завршување на целиот проект, истиот ќе биде предаден на нашите стратешки партнери САД со чии финансиски средства ќе се реализира овој голем проект, истакна Костовски.

Со ова може да се каже дека проблемот со вода за над 3500 жители ќе биде конечно решен и жителите на овие две населени места ќе добијат питка вода за пиење.

-Голема благодарност до нашиот најголем стратешки партнер Амбасадата на САД со чија целосна поддршка е реализира еден од најголемите проекти во историјата на Општина Бутел. Влогот во обезбедување на основни услови за живот за моите сограѓани е влог во иднината, порача Костовски.