вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Краткото невреме со град го остави Лисиче без струја

Краткото невреме со град го остави Лисиче без струја

Кратко, но силно невреме попладнево го зафати Скопје.

Силни врнежи од дожд, но и град,  блокираа повеќе населби.

Во населбата Лисиче, по невремето, граѓаните останаа без струја во своите домови.

-Десет минути невреме и веднаш дефект. Немаме струја дома, се јавуваме во службите, но не знаат колку долго ќе трае ова. Студено е, се надеваме брзо ќе заврши, вели читател кој ја исконтактира редакцијата на КУРИР.