понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Машина за чистење пропадна во плочникот на скопскиот плоштад

Машина за чистење пропадна во плочникот на скопскиот плоштад

Утринава пропадна плочникот на Градскиот плоштад под тежина на возилото на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ кое го чистело плоштадот.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој цели 4 години е на оваа функција, не направи ништо за зголемување на квалитетот на плочникот, ниту пак вложи нешто да стане ова место побезбедно.

Како што велат од претпријатието, била поткршена плочка на плоштадот, по што пропаднало тркалото на возилото и е направена дупка.

Нивни екипи веднаш интервенирале и возилото е извадено.