вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Масовните казни го полнат празниот буџет на Заев и Спасовски – казнети 224 возачи

Масовните казни го полнат празниот буџет на Заев и Спасовски – казнети 224 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, од кои 20 за управување со брзина поголема од дозволената, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 18 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 12 санкции за управување под дејство на алкохол, 10 за користење на мобилен телефон, 6 за непрописно престигнување и обиколување и 8 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.