недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Мисајловски: Цело ВМРО стои позади Данела, храбра жена со визија

Мисајловски: Цело ВМРО стои позади Данела, храбра жена со визија

Има нова енергија, има една нова свежина, го гледам тоа во Данела, ја гледам секој ден како настапува храбро, како навистина има една визија, една голема цел, како да стане Скопје модерно, ова го рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Чаир, Владо Мисајловски.

-Тоа што го зборува, го зборува навистина од срце и од душа, зошто сака Скопје да го види со емоција поубаво, Данела ти честитам за сето ова што го правиш, го правиш со храброст, го правиш со ведрина, со позивна една енергија што плени. Секоја чест, затоа и ќе победиш. Ве замолувам сите, иако е независен кандидат ние сите ја даваме поддршката, цело ВМРО стои позади Данела. Знаете ли зошто? Зошто е храбра жена со визија, ретко е во политиката една жена да застане да го води градот и да стане првата жена градоначалник на Скопје, истакна Мисајловски во своето обраќање.

Тој ги повика сите граѓани да ја дадад поддршката за Арсовска, бидејќи како што рече таа е со визија.