ВМРО-ДПМНЕ денес оддржа митинг во скопската општина Чаир, каде свое обраќање имаше и потпретседателот на партијата Владо Мисајловски.
Тој своето обраќање го започна еуфорично упатуваќи порака до кандидатот за градоначалник кој ВМРО-ДПМНЕ го поддржа, Данела Арсовска.
-Додека они навредуваат, додека они се служат со црна кампања, Данела ти се плашат затоа тоа го прават, зошто знаат дека ќе победиш и ќе победиш! Истакна Мисајловски.
Мисајловски исто така му порача и на носителот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за општина Чаир, ЃокоВелковски да продолжи со напорната работа како до сега.
-Џоле продолжи да бидеш таков каков што си, продолжи борисе за Македонија, бори се за Чаир, рече Мисајловски.
Тој апелира до сите граѓани за да се казнат ДУИ и СДСМ треба да излезат масовно на изборите и својот глас да го дадат за Данела за Скопје и за сите кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива.
И затоа сакам да го повикам секој еден граѓанин, за да има одговорност за сите оние злодела што ги направија, ве замолувам масовно да излезете да гласате за Данела за Скопје, да гласате за сите градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, да гласате за Алтернатива и Алијанса и да се случи нова иднина, повика Мисајловки.