недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Мишева: Има големо незадоволство од страна на граѓаните по одлуката на Шилегов и Град Скопје за промена на имињата на улиците

Мишева: Има големо незадоволство од страна на граѓаните по одлуката на Шилегов и Град Скопје за промена на имињата на улиците

Ставањето на дневен ред на вакви точки, во моментот дискутираме за дополнувања на листата на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје повлекува серија на прашања а исто така не може да се заобиколат реакциите на граѓаните на социјалните мрежи каде што постои видливо јавно незадоволство, вели Ирена Мишева, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на советот.

Мишева посочи дека поголем број на граѓани се незадоволни од ваквата одлука, прашувајќи дали по овој предлог од страна на Град Скопје и Петре Шилегов е отворена поширока дебата и дали имаат добиено согласност од влада или мислење од општините каде се предлага промена на имињата.

На почеток сакам да нагласам дека од јавно изнесените ставови во медиумите слушнавме дека на листата има дел имиња за кои граѓаните даваат поддршка, но има и имиња кои се спорни и за кои е креирано големо јавно незадоволство. Од тука се наметнуваат повеќе прашања, дали за оваа предлог одлука односно предлог листа Градот Скопје ги прашал граѓаните чии улици ќе се преименуваат. Дали по предлог листата за која понатаму треба да се донесе одлука е отворена една поширока јавна дебата. Дали по предлог листата согласно член 5 став 3 од Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти е добиена согласност од влада и мислење од општините каде се предлага промена на имињата. Би сакала да го цитирам член 5, став 3, кој што вели при утврдувања на листата на имиња од страна на советот на Град Скопје, општините од подрачјето на Град Скопје даваат мислење по истата, праша Мишева.

Понатаму дали со предлагање на имиња на државници со заслуги за други идеи и држави не сметате дека дополнително ги навредувате чувствата на Македонците во овие населени места и дали не е во спротивност со член 6, став 1 од Законот за определување имиња, кој вели не може да се определи име на улици, плоштад, мост и друг инфраструктурен објект со кој се нарушува угледот на Република Македонија, се навредуваат националните чувства на граѓаните на Република Македонија и на граѓаните на други држави како и се нарушуваат односите меѓу заедниците, обичаите и јавниот морал, објасни Мишева.

Дали е добиена согласност од фирмите кои се лоцирани на овие адреси на кои се менуваат и конечно и најважно дали оваа одлука е во согласно по член 8 од законот за определување на улици, кој вели дека име на улица, плоштад, мост и други инфраструктурни објекти не може да се промени на начин во постапка на нивно определување, промена од став 1 на овој член не може да се врши промена шест месеци од одржување на редовни претседателски, парламентарни и локални избори и една година од закажан попис на население, истакна Мишева.