Хуманизација, НЕ бетонизација! Токму тоа му е потребно на Аеродром. Но за жал изминативе години не успеваме тоа да го видиме и секогаш, ама секогаш, приватниот или бизнис интересот го надминува јавниот или интересот на сите останати. Ништо поразлично не е ни денес, истакна Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ, кој откри скандал во општината.
-Уште еден скандал ја тресе општина Аеродром. Златко Марин ги удоволува барањата на градежниците, а сметката ќе ја плаќаме сите.
На утрешната седница на совет, на предлог на Комисија за урбанизам, формирана од Златко Марин, мнозинството во советот ќе усвои три иницијативи за носење на урбанистички планови.
1. Иницијатива од Борис Георгиевски со која се дозволува изградба на објект со намена А2 – домување во станбени згради;
2. Иницијатива од ДИНЕВ КОНСТРАКШН со која се дозволува зголемување на планираната површина за градба и развиената површина за изгадба на зграда;
3. Иницијатива од ГЛОБАЛ ИМПАКТ со која се дозволува изработка на нов ДУП;
Сите три иницијативи ќе бидат финансирани од барателите. Зарем мислите дека ќе бидат за општо добро и во интерес на сите? Апсолутно НЕ.
Ќе апелирам до советниците од мнозинството да не ги прифаќаат овие три иницијативи, кои не носат добро за никого во Аеродром, освен за тие што ги предлагаат, со една единствена цел: ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОФИТОТ.
Ќе апелирам и до Златко Марин, да ги повлече предложените иницијативи, иако не верувам дека ќе има разбирање од негова страна. Заслепен е од профитот и провизиите.
Ќе им укажам и на инвеститорите, ова нема да помине, колку и да се турка насила. Мандатот на Марин е завршен, остануваат уште неколку месеци додека не ја напушти фотелјата. Не влегувајте во трошоци, кои нема да ги реализирате. Наредната општинска власт нема да дозволи да се донесат вакви ДУП-ови кои се исклучиво во ваш личен интерес.
И уште една порака за крај. Во иднина нема да се дозволи било кој ДУП да биде финансиран од инвеститор. ДУП финансиран од инвеститор секогаш, ама апсолутно секогаш е во интерес на еден и на штета на сите. Општина Аеродром не смее и понатаму да си дозволува ваков луксуз. Цената на ДУП-от ја плаќаме сите и тоа многу скапо.
#Златко, доста е!, пишува Митески на Фејсбук.