Поради новонастанатата ситуација со проблемот во ЈП Комунална хигиена во рамки на градот Скопје, утре (10.07) со почеток од 10 часот во зградата на Општина Аеродром ќе се одржи итна седница на Скопскиот плански регион на која се поканети сите градоначалници кои го сочинуваат Скопскиот плански регион.
-На состанокот ќе биде разгледан проблемот кој е поврзан со Комуналната хигиена и одлагањето на отпадот на територија на Градот Скопје, информира Јане Мицевски, директор на Центарот за развој на Скопски плански регион.