Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес заедно со кандидатот за градоначалник од истата партија за Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, беа во посета на населеното место Орман.
-Со мојот школски другар Александар Стојкоски меѓу народот во Орман. Во Орман како и во цела Македонија зборот е најважен, а овој мој другар е човек од збор. Со промени и проекти за достоинствен живот во цело Ѓорче Петров! Напиша на Фејсбук Мизрахи.