сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Муцунски: Бесплатна градинка и нула денари трошок за децата во основно училиште во Аеродром

Муцунски: Бесплатна градинка и нула денари трошок за децата во основно училиште во Аеродром

По четири години застој, време е за зелен, чист и безбеден Аеродром. Време е за нова енергија, време е сите да се обединиме, бидејќи Аеродром е наш и ни припаѓа на сите нас, порача кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Аеродром, Тимчо Муцунски.

-Ги знаеме проблемите, од вас слушнавме што ви треба и затоа влегуваме со програма која, пред се, опфаќа изградба на 4 нови градинки, нова гимназија, реконструкција на сите основни училишта, бесплатен таблет за секое дете. Нула денари дополнителен трошок за секое дете во градинка и во основно училиште. Општина Аеродром ќе добие 3000 нови паркинг места, истакна Муцунски.

Кандидатот за градоначалник вети 100.000 метри квадратни зелена површина.

Проектите кои тој им ги вети, а се со големо значење за аеродромци, слушнете ги во продолжемие: