среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Муцунски: Бесплатно пливање за сите првачиња и деца со попреченост од Општина Аеродром

Муцунски: Бесплатно пливање за сите првачиња и деца со попреченост од Општина Аеродром

Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски информираше дека е планирано бесплатно пливање за сите првачиња и деца со попреченост од Општина Аеродром.

– За правилен и подобар психо-физички развој на најмладите со најновиот проект на Општина Аеродром „Учиме да пливаме” планирано е бесплатно пливање за сите првачиња и сите деца со попреченост од основните училишта во Општината. „Учиме да пливаме” е проект кој предвидува олеснување на семејниот буџет на секое семејство на територија на Општина Аеродром кои имаат дете во прво одделение или дете со попреченост. Со субвенционирањето, сите опфатени ученици добиваат: часови пливање, опрема за пливање (капа, наочари), пешкир, сертифициран спортски едукатор како и превоз на учениците од училиште до базенот и назад. Проектот кој е изработен во соработка со Сојузот за училишен спорт на Општина Аеродром и во реализација на „Скај велнес“, а тој предвидува создавање услови за најмладите да добијат соодветна обука и совладување на вештините за пливање, кое има клучна улога во правилниот психо-физички развој и здравјето на децата, напиша тој во својата Фејсбук објава.

Муцунски додаде дека приоритет на Општината се најмладите и дека единствено низ сериозни инвестиции, чекори и иницијативи за подобрување на образовниот процес, како и вложување во спортската инфраструктура, може да се создаде здрава и едуцирана средина!