Долно Лисиче добива модерно кошаркарско игралиште! Започнаа градежните активности за реконструкција и проширување на кошаркарското игралиште во Долно Лисиче. Општина Аеродром во соработка со УСАИД и општествено одговорна компанија обезбеди инвестиција вредна над 600.000 денари, информира градоначалникот на општината, Тимчо Муцунски.
-Станува збор за проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. Се поставува нов асфалт и се проширува игралиштето со што ќе добие целосно нов лик. Со ова, Долно Лисиче добива современ простор за спорт и рекреација, истакна тој.