сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Муцунски: МВР повторно нема слух за барањата на Општина Аеродром

Муцунски: МВР повторно нема слух за барањата на Општина Аеродром

МВР повторно нема слух за барањата на Општина Аеродром Во претходните неколку денови активно работевме при организација на настанот за најсаканите ,,Најмладите за Аеродром”. Настан кој собра многу дечиња на едно место, одлична забава за аеродромци, стои во Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

Тој напиша дека и покрај позитивната енергија, честитките, забавата приредена од македонските артисти, повторно проблем со МВР.

– По повеќе од една недела официјално барање за затворање на булеварот Јане Сандански од пределот од Веро до ДежаВу не најдоа време за соодветен одговор… Во држава каде се блокираат раскрсници за најмали ситници, ние не добивме соодветен одговор и наидовме на разбирање од МВР за хуманитарен концерт. Со овој чин МВР ја загрози безбедноста на жителите на Општина Аеродром и доведе во ризик многу дечиња заради прометниот сообраќај на овој предел. Бараме најитно да престане ваквиот однос од страна на МВР и конечно да се воспостави професионална соработка за доброто на жителите од Општина Аеродром, додава Муцунски во својот Фејсбук статус.