вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Муцунски: Општина Аеродром набави 200 тони сол, активен е кризниот штаб

Муцунски: Општина Аеродром набави 200 тони сол, активен е кризниот штаб

Пред малку заврши состанокот на Кризниот штаб на Општината. Ги информираме граѓаните дека на располагање се ставени возила за чистење снег на улиците, тротоарите и други јавни површини, а за таа цел се набавени и околу 200 тони сол. Штабот ќе се грижи за реализација на донесениот план чија цел е да обезбеди олеснет пристап и движење на граѓаните во зимски услови.

Се преземаат сите мерки за безбедно функционирање на сообраќајот. Екипи на нашата општина постојано ќе бидат на терен, информираше преку социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски.