вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Муцунски заедно со дечињата од ОУ Лазо Ангеловски: Наша обврска е светот на децата да го направиме поубав

Муцунски заедно со дечињата од ОУ Лазо Ангеловски: Наша обврска е светот на децата да го направиме поубав

Градоначалникот Тимчо Муцунски денес го посети Основното училиште „Лазо Ангеловски“ каде заедно со дечињата учествуваше во работилница за новогодишната подготовка на училиштето. Во рамки на посетата заедно учениците од ова основно училиште училиште ја украсија новогодишната елка, ги нацртаа новогодишните честитки и испратија писма до Дедо Мраз.

„Наша обврска пред се како луѓе, но и во делот на политиката е да го направиме животот на децата полесен, а нивниот свет поубав. Токму поради тоа општина Аеродром инвестира во изградба на нови училишта, спортски центри и детски игралишта. За мене среќата на децата е најважна и понатаму ќе правам се, преку инвестициите и проектите нивното живеење во Аеродром да го збогатуваме со нови содржини и места“, напиша Муцунски на својата фејсбук страна.

Во следниот период Општина Аеродром ќе организира низа јавни настани, како дел од програмата за одбележување на Новата година. Во рамки на оваа програма е и фестивалот „Дром Фест – Култудром во вашиот дом“ кој од денеска, па во следните три дена се организира пред платото на „Капитол мол“.