Новиот градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски преку својата официјална страница на Фејсбук посочи дека најголемите проблеми на родителите во општина Аеродром е недостигот на места во градинките.
– Уште веднаш започнуваме постапка за изградба на две нови градинки. Во нашата програма ветивме четири нови градинки кои ќе ги реализираме, напиша тој.
Муцунски денеска заедно со носителот на советничката листа Дејан Митески извршија увид во градежните активности кај градинката „Црвенкапа“.
– Правиме сè во наша надлежност за подобар живот во Општина Аеродром, додава градоначалникот Тимчо Муцунски.