понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Муцунски: Започнуваме голема пролетна работна акција на територијата на општина Аеродром

Муцунски: Започнуваме голема пролетна работна акција на територијата на општина Аеродром

Голема пролетна работна акција! Од денеска ја започнавме големата пролетна работна акција на територијата на Општина Аеродром во соработка со Град Скопје, истакнува градоначалникот Тимчо Муцунски.

-Екипите координирано до крајот на оваа недела спроведуваат активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, санирање на оштетувања на коловозите, обновување и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и градските улици. Како дел од оваа пролетна работна акција се собира и кабаст отпад, а деталните локации се објавени на нашата општинска страница, истакна тој.

Муцунски порача:

„Заедно со Град Скопје приоритет ставаме на чистотата.

Нашата цел е Аеродром да го врати својот сјај и одново да биде чиста и зелена општина“!