петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Муцунски: Сите дечиња треба да имаат иста стартна точка и еднаков пристап барем кога е во прашање образованието, затоа општина Аеродром реализира низа проекти

Муцунски: Сите дечиња треба да имаат иста стартна точка и еднаков пристап барем кога е во прашање образованието, затоа општина Аеродром реализира низа проекти

„Ова е година каде што имаме рекордно најниски дотации од страна на централната власт во делот на образованието на Аеродром. И практично дотациите стигнуваат до таму да веќе не се ни доволни да се покријат и платите за вработените во училиштата. Додека во минатото дотациите покривале и режиски трошоци за училиштата, дури и инвестиции, итн.“, нагласи градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски во утринската емисија на Алфа телевизија.

Муцунски додаде дека негова обврска како градоначалник е да го направи тоа што централната власт не го прави, а тоа е обезбедување на поквалитетен наставен или образовен процес.

„Низа поволности за учениците, прво почнавме од процесот на подготовка за учебната година и редовно ја даваме таа субвенција, тој еднократен надоместок од 3.500 денари за секое запишано прваче на територија на општина Аеродром. И потоа почнавме со реализација и на успешните проекти кои што ги спроведуваме. Првиот и успешен долгогодишен проект е проектот за бесплатни униформи на учениците, претходната недела ги доделивме униформите. Втора година по ред на сите ученици во 4-то одделение, одделение кога се влегува во фазата на дигитализација на основното образование и им доделивме бесплатен таблет. И над 900-тини ученици добија висококвалитетен таблет, кој што останува во нивна сопственост. И секако еден од проектите кој што најмногу ме радува и кој што покажа позитивни бенефити е бесплатното пливање за првачиња и за дечињата со посебни потреби без разлика кое одделение се“, појасни градоначалникот на општина Аеродром.

Муцунски рече дека проектот за бесплатно пливање се реализира во базенот кој што се наоѓа во зградите на Џевахир. Во комуникација со наставниците за физичко образование се организира превозот и се обезбедува целокупната опрема за пливање за дечињата.

„Сметам дека сите дечиња треба да имаат иста стартна точка и еднаков пристап барем кога е во прашање образованието“, нагласи тој.