Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Центар изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои 20 за возење без возачка дозвола, 11 санкции за нерегистрирани возила, 13 за непридржување на законските ограничувања за возач-почетник, 11 санкции за некористење сигурносен појас, 7 мерки за користење мобилен телефон.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.