Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 15 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 11 санкции за користење мобилен телефон, 10 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за некористење сигурносен појас, 40 санкции за непрописно паркирани возила.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.