Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за непрописно престигнување и обиколување.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.