вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

МВР: 164 казнети возачи во Скопје, 23 за брзо возење

МВР: 164 казнети возачи во Скопје, 23 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23, 10 санкции за непрописно престројување, три за нерегистрирани возила.

Изречени се 16 санкции за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за возачи на мотоцикли, три за некористење сигурносен појас и 52 санкции за непрописно паркирани возила.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.