Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 118 санкции, 26 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за возач почетник.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.