четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

МВР: 245 казнети возачи во Скопје, 31 за брзо возење

МВР: 245 казнети возачи во Скопје, 31 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 245 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 23 за возење без возачка дозвола, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 19 санкции за користење мобилен телефон, 11 за непочитување на првенство на минување, пет санкции за некористење сигурносен појас и 88 за непрописно паркирани возила.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.