Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 288 мерки, меѓу кои 32 за возење без возачка дозвола, 10 санкции за некористење на сигурносен појас, 21 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 7 за користење на мобилен телефон и 2 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 49 мерки за непрописно паркирање и 27 мерки за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.