Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска (07.01.2021) на територијата на Скопје спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената.
Санкционирани се 80 возачи, од кои осум возеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Санкционрани се и 21 други прекршоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во областа на сообраќајот со цел зголемување на безбедноста на улиците и патиштата.