сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

МВР ниту еднаш не побарало снимки од автобусите на ЈСП да ги открие џепчиите

МВР ниту еднаш не побарало снимки од автобусите на ЈСП да ги открие џепчиите

Министерството за внатрешни работи ниту еднаш не побарало од ЈСП„Скопје“ снимки од камерите во автобусите, по пријава на граѓаните за кражба, пренесува СДК.

Од јавното сообраќајно претпријатие велат дека согласно статистиката на внатрешната контрола, во изминативе шест месеци МВР само еднаш побарало преглед на материјалот од камерите во конкретен автобус. Но, барањето било поради инцидент во автобус, а не поради пријава на кражба за да спроведат истрага по зачестените пријави за кражби во јавниот превоз.

„Камери се поставени во 50 двокатни автобуси и од нив 70 отсто се во функција“, додаваат од претпријатието.

Секојдневно паричници и телефони се крадат од чантите на патниците во автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници. Но, најмногу пријави во полициските станици во Скопје има во вторник и во петок, кога поради бесплатниот превоз за пензионери, автобусите се преполни.

Крадците ја користат гужвата и незабележливо од чантите на патниците крадат паричници, телефони и други вредни предмети.