среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

МВР: Во Скопје казнети 217 возачи – од нив 77 за брзо возење

МВР: Во Скопје казнети 217 возачи – од нив 77 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 11 санкции за користење мобилен телефон, 26 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, осум за некористење сигурносен појас, 45 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.