На ангро се сечат дрвја кај старата циглана во општина Бутел, пред самиот влез за општината Шуто Оризари.
Исечените дрвја се за потребите на булеварот Босна и Херцеговина.
Жителите револтирани реагираат за уништувањето на старите дрвја, но надлежните немаат слух за нивната реакција, иако во предизборната кампања беше ветувано зголемување на зеленилото, а не негова сеча.