петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

На Илинден автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, жичарата ќе работи вообичаено

На Илинден автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, жичарата ќе работи вообичаено

ЈСП Скопје информира дека во вторник (02.08.2022 година), поради државниот празник 2 Август – (Илинден), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, дежурни ќе бидат три билетарници, а Жичарницата ќе работи вообичаено.

Дежурни од 7 до 13 часот ќе бидат билетарниците на Зелен пазар, Транспортен центар и билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.