сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

На предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се проширува автобуската линија број 2 од Сарај се до Ченто

На предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се проширува автобуската линија број 2 од Сарај се до Ченто

-Како што е редот, јас ја предложив и ќе треба да ја образложам иницијативата, како што напоменав кога ја предложив точката на Дневен ред за автобуската линија со број 2 која што сега сообраќа на линија Сарај – Автокоманда, со оваа иницијатива за измена и надополнување на одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје се предлага автобуската линија да сообраќа од Сарај до населба Ченто. А, со ова би се излегло во пресрет на долгогодишните барања на граѓаните, и за подобра поврзаност на населба Ченто со останатите делови од градот Скопје“, истакна советникот на Град Скопје, Филип Јаневски од партијата „Глас за Македонија“ говорејќи за иницијативата за измена и дополнување на одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје на денешниот Совет на Град Скопје.

Јаневски додаде дека населбата Ченто нема пристап до градската општа болница „8-ми Септември“ со еден автобус за разлика од други населби кои што имаат автобуски линии кои што сообраќаат во речиси сите делови од градот.

-Постои ветување дека нема да има заборавени населби повеќе во градот Скопје. А, со оваа иницијатива јас сметам дека подобрата поврзаност на населба Ченто со останатите населби би се овозможило оваа населба да не биде повеќе заборавена од овој аспект, односно да биде подобро поврзана со останатите делови од градот како што впрочем е случај со многу други населби, појасни советникот.

Советничката во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ иницијативата ќе ја поддржи и во иднина ќе застане зад други барања поврзани со слични или помалку различни од оваа иницијатива во насока на решавање на одредени проблеми кои што ги имаат граѓаните.

-Како што спомена предлагачот на оваа иницијатива, ова е работа која што се провлекува со години значи проблемот кој што го имаат граѓаните кои што се населени во овие места на територија на општина Гази Баба имаат повеќегодишен проблем со линијата број 2. И колку што сум информирана и од разговорите кои што ги имаме со жителите од тоа подрачје постои иницијатива и од страна на граѓаните за една ваква одлука да биде донесена. И морам да напоменам дека ова не е единствен проблем со кој што се соочуваат граѓаните,а е поврзано со линискиот превоз т.е. со јавниот градски превоз на Град Скопје. Така да како советници од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ние имаме постојани средби со граѓаните и со жителите, нормално тоа и се очекува од нас како избраници во овој градски совет. Ние денеска ќе излеземе во пресрет на граѓаните и ќе ја поддржиме иницијативата поднесена од колегата Филип Јаневски. Но, и во иднина ќе застанеме зад други барања поврзани со слични или помалку различни од ова во насока на решавање на одредени проблеми кои што ги имаат граѓаните. Значи денешната иницијатива ја прифаќаме и ќе ја поддржиме, но и во иднина ќе поднесеме и други иницијативи и одлуки поврзани со јавното градско претпријатиe, истакна Андоновска.