Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје денес во рамките на големата пролетна работна акција во општината Чаир работат на санирање на жардињерите околу дрвјата на улицата Цветан Димов и санација на ударните дупки со предходно машинско гребење и асфалтирање. Екипите со акцијата денес покрај улицата Цветан Димов ја санирале и улицата Џон Кенеди во вкупна површина од 15м2.
Одговорните лица за одржување на светлосната сигнализација работеа на санација на недостатоците на семафорите и тоа на следните крстосници: улица Џон Кенеди со улица Лазар Трповски, крстосница улица Петар Ичко со улица Лазар Трповски и крстосница улица Христијан Тодоровски Карпош со улица Ферид Бајрам. На сите три крстосници беа оштетени сенилата на семафорите и заменети со нови, информираат од претпријатието.