петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Набавени два монтажно/демонтажни деловни објекти за потребите на работниците „Дрисла“

Набавени два монтажно/демонтажни деловни објекти за потребите на работниците „Дрисла“

ЈП депонија Дрисла Скопје продолжува со инвестирање во самото претпријатие со цел осовременување на депонијата и обезбедување подобри услови за работа на вработените.

За таа цел спроведена е постапка за јавна набавка на стоки со која се обезбедени два нови монтажно/демонтажни деловни објекти (контејнери) за потребите на работниците.

-Контејнерите имаат по две простории целосно опремени со мебел и клими и ќе се користат за извршување на тековните активности на работниците од одделението за депонирање, одделението за механизација и одделението за обезбедување во ЈП депонија Дрисла Скопје, информираат од Град Скопје.