петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Над 800 ученици од општина Аеродром добија бесплатни таблет уреди

Над 800 ученици од општина Аеродром добија бесплатни таблет уреди

Денеска во основното училиште „Блаже Конески“ започна со реализација проектот за доделување на бесплатните таблети во чии рамки повеќе од 800 четвртодделенци од општина Аеродром ќе добијат бесплатни таблети.

Градоначалникот Тимчо Муцунски коj присуствуваше на доделување на таблетите потенцираше дека станува збор за проект кој ќе го олесни и унапреди образовниот процес.

-Станува збор за таблети од реномираниот производител „Амазон“ чија вкупна вредност изнесува над 5 милиони денари. Средствата за оваа намена се целосно обезбедени од буџетот на Општина Аеродром. Ставајќи ја во прв план важноста на дигитализацијата во образовниот процесот, а имајќи предвид дека учениците се уште немаат добиени учебници од Владата и Министерството за образование и наука, Општина Аеродром донесе одлука проектот да започне да се реализира веднаш и истиот да продолжи и во следните години. Денешниот настан, но и активностите кои ќе се реализираат во останатите училишта се уште еден доказ дека цврсто стоиме на своите заложби за обезбедување модерен и современ образовен процес во кој дигиталните алатки ќе бидат подостапни до учениците, потенцираше Муцунски.