понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Најавеното авионско прскање против комарци се поместува еден ден порано

Најавеното авионско прскање против комарци се поместува еден ден порано

Градот Скопје ги известува граѓаните дека заради најавените неповолни временски услови во текот на наредните денови, авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци најавена за 16.09.2022 година (петок) и за 17.09.2022 година (сабота) се поместува и ќе се одвива на 15.09.2022 година (четврток) и на 16.09.2022 година (петок), во раните утрински часови.

Доколку временските услови дополнително се влошат и не дозволуваат да се прска, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.