петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Настава без мобилни телефони во училиштата во Гази Баба

Настава без мобилни телефони во училиштата во Гази Баба

Наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес. За таа цел од денес во сите општински основни училишта на територија на општина Гази Баба се воспоставува настава без мобилни телефони, истакнува градоначалникот Бобан Стефковски.

„Сите основни училишта извршија набавка на специјално изработени џебови кои се поставени во секоја училница.

Секој ученик на почеток на секој час го остава својот мобилен телефон во џебот на кој е испишан бројот на ученикот од дневникот“ – посочи тој.