среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Неделен возен ред на 8 Септември, Жичарницата ќе работи вообичаено

Неделен возен ред на 8 Септември, Жичарницата ќе работи вообичаено

Во четврток (8.09.2022 год), поради државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници.

Од 7 до 13.30 часот ќе работат билетарниците на Зелен пазар, Транспортен центар и билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, информираат од ЈСП Скопје.