четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Нема пари во Буџетот на Град Скопје за 2020 за спортски риквизити и велосипедски патеки за паркот во Ново Лисиче

Нема пари во Буџетот на Град Скопје за 2020 за спортски риквизити и велосипедски патеки за паркот во Ново Лисиче

На вчерашната седница на Советот на Град Скопје од страна на Анета Стојановска-Стефанова и Ирена Мишева од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, беше предложен амандман на предлог буџетот за 2020та за набавка на нови спортски риквизити и доуредување на паркот во Ново Лисиче, но истите владеачкото мнозинство во Градот Скопје не ги поддржа.

Паркот во Ново Лисиче е втор по големина во Скопје, по Градскиот Парк и е изграден и пуштен во употреба во јули 2016 година од страна на претходната градска управа.

Овој парк располага со зеленило на површина од околу 90.000 метри квадратни. Покрај огромната површина парковско зеленило и садници, паркот содржи трим патеки, чешми за пиење вода, клупи, канти за отпадоци, летниковци, жардиниери, повеќенаменско спортско игралиште, две детски игралишта, хидрантска мрежа, како и осветлување со над 150 канделабри.

Целта на предлог амандманите на советничките Стојановска-Стефанова и Мишева беше набавка на справи за вежбање (за т.н. street work out), истите се предлагаше бесплатно да ги користат сите граѓани на градот Скопје, а со цел водење здрав живот и поттикнување здрави навики. Исто така, се предлагаше овој парк да добие уредени пешачки стази кои ќе го направат пристапен паркот за лица кои се движат со помагала, како и да се урбанизира паркот со велосипедски патеки.

За жал и покрај надежите на опозицијата, градската управа немаше слух да даде поддршка за реализација на овој проект.