Во сите скопски населби денес првачињата со насмевки на лицата пристигнаа во своите училишта. Денес само запознавање, а од утре настава во училниците, дружење со другарчињата.
Првачињата од населба Лисиче можат само да гледаат фотографии и да слушаат искуства од своите врсници. Тие се единствените првачиња во Скопје, кои немаат среќа да уживаат во првите училишни денови.
Како во минатиот век, тие немаат училиште.
-Со среќа првачиња, но првачињата во населба Лисиче ја немаат таа среќа да започнат со настава поради неспособноста на надлежните кои што не успеаа да го изградат ООУ„Димитар Македонски“-Скопје после цели четири години, пишуваат родители од оваа населба на социјалните мрежи.