четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Велес и Велешко секоја учебна година сè помалку првачиња

Во Велес и Велешко секоја учебна година сè помалку првачиња

Во новата учебна 2023/2024 година во основните училишта во Велес и во населените места во општината во прво одделение се запишале вкупно 424 првачиња што е за 49 помалку споредено си изминатата учебна година кога биле 473 првачиња информираат за МИА од Општина Велес.

Во Основното училиште ,,Рајко Жинзифов” во село Горно Оризари годинава се само 15 првачиња, а лани биле 23.

Во ООУ „Васил Главинов” во градот годинава се 127, а лани биле 126, во подрачното училиште во Превалец и лани и годинава се по 11 првачиња, а во училиштето во село Раштани лани биле три, а годинава е запишано само едно прваче. Во ООУ ,,Стојан Бурчевски Буридан” – девет се во училиштето во Иванковци и две првачиња во училиштето во село Отовица.

Загрижувачки е што во подрачните училишта во село Сујаклари и Мамутчево нема запишано ниту едно прваче велат од Општина Велес.

Најповолна е состојбата во ООУ ,,Блаже Конески”во Велес кое е со целодневен престој, каде лани имало 118, а во новата учебна година за шест повеќе или 124 првачиња.

Во сите училишта паралелките, не само во прво, туку и во останатите одделенија, се со помал број на ученици од неопходниот, па најголем дел од нив бараат согласност од Советот на Општина Велес.