среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

„Неспособната и деструктива Арсовска нека се пресметува со струи и групи преку институциите на системот, а не да ги загрозува интересите и здравјето на граѓаните“

„Неспособната и деструктива Арсовска нека се пресметува со струи и групи преку институциите на системот, а не да ги загрозува интересите и здравјето на граѓаните“
курир

Поради неспособноста на градоначалничката Данела Арсовска градот Скопје со денови тоне во ѓубре.

Згора на тоа кога градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со помош на механизација од други општини од внатрешноста на Македонија почнаа да го собираат сметот, деструктивната Арсовска му забрани на ЈП Дрисла да дозволи тој отпад да го складира.

Со други зборови поради неодговорноста и политичкиот инает прави штети и го загрозува здравјето на граѓаните. Што би рекол народот ем шуто, ем боде. Ем не го собираше ѓубрето, ем не дозволува други тоа да го направат во интерес на народот.

Притоа градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со далеку поскромни капацитети и ресурси се екипираа и организираа да ја завршат работата што е во надлежност на Градот Скопје.

Недозволиво е политичките игри на Данела, нејзините чести менувања на директори и расчистувања со коалициски струи кои сега ја поддржуваат, нејзините фрустрации и примитивизам да се удираат го грбот на граѓаните на Скопје.

Пресметките со струи, групи и поединци нека ги прави преку институциите на системот, а притоа да овозможи нормално фукционирање на јавните претпријатија.

Скопјани бараат услуги од страна на Градот кои им следуваат. Доколку Арсовска не може да ги испорача нека си поднесе оставка.

(Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)