За подобра комуникација со централното градско подрачје во вечерните часови и по барање на жителите на Општина Илинден, од ноќеска почнува да функционира пробна ноќна линија со број 63б, која ќе сообраќа од Транспортен центар Скопје до н.м. Мралино во деновите сабота и недела во терминот 00.15 часот.
Ова беше договорено на работната средба помеѓу градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и новиот директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, Иван Илиевски. Исто така на средбата се разговараше за подобрување на јавниот автобуски превоз со зголемување на бројот на линии и автобуски постојки на цела територија на општина Илинден.
Општина Илинден информира дека ќе продолжи и понатаму со реализација на плановите за подобрување на јавниот автобуски превоз, како и со зголемување на бројот линии и автобуски постојки, со што ќе се обезбеди поквалитетен и поефикасен јавен градски превоз за граѓаните.