петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Нов лабораториски извештај: Дали скопјани пијат квалитетна вода?

Нов лабораториски извештај: Дали скопјани пијат квалитетна вода?

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење,  добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 26.04.2022 до 29.04.2022 зема 152 примероци за физичко-хемиска и 152 примероци за микробиолошка анализа на вода за
пиење од 39 мерни места во град Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).