среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Нови детски игралишта во Кавадарци

Нови детски игралишта во Кавадарци

Нови детски игралишта доби Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

– Целосно е завршено детското игралиште на булеварот „Никола Минчев“, кај фонтаната на виното, на кое беше поставена гумена подлога, се монтираа нови и репарираа стари детски реквизити, нова урбана опрема и заштитни огради, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму додадоа дека комплетно е завршено и детското игралиште на булеварот „Вељко Влаховиќ“, на кое беа поставени нова гумена подлога, нови детски реквизити, нова урбана опрема, се репарираа постоечките, а игралиштето беше и оградено.

Изведувач на работите е „Градба промет“.