четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

НОВИ ПОЖАРИ ВО СКОПСКО: Гори во Ракотинци и Добри дол

НОВИ ПОЖАРИ ВО СКОПСКО: Гори во Ракотинци и Добри дол

Пожари попладнево избувнале во селата Ракотинци и Добри дол, скопско.

Граѓани кои ја контактираа редакцијата на Курир велат дека во Ракотинци пожарот е под црквата „Свети Илија“. Гори и во Добри дол над селската црква.

Според информациите од локалното население, тие веќе се организирале и го гаснат пожарот, а на терен се и две противпожарни возила.