недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Новогодишна елка од луѓе за Гинисов рекорд во сабота на плоштад „Македонија“

Новогодишна елка од луѓе за Гинисов рекорд во сабота на плоштад „Македонија“

Скопје и скопјани во сабота (21.12.2019 година) во 13 часот на плоштад „Македонија“ ќе се обидат да го урнат Гинисовиот рекорд за најголема елка во светот направена од луѓе.

Сите граѓани коишто сакаат да бидат дел од обидот Скопје да влезе во Гинисова книга на рекорди треба да бидат на плоштадот во 13 часот.

Во моментов, најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, 2015 година со 4030 учесници.

Настанот е дел од Винтерленд и ќе биде збогатен со музичко забавно програма.